Спец. консултативна здравствена заштита

Службата за специјалистичко консултативна здравствена заштита во ЈЗУ Здравствен Дом Струмица опфаќа активности како специјалистички прегледи, дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки според медицински индикации.

За потребата од упатување на специјалистичко - консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар. Специјалистичко - консултативна здравстена заштита пациентите ја остваруваат во ЈЗУ Здравствен Дом Струмица, врз основа на упат од избраниот лекар.

Субспецијалистичката здравствена заштита се користи со упат на лекарот специјалист. Упатот важи 30 дена од денот на издавањето, односно до денот на закажаниот преглед, освен во оправдани случаи, кога поинаку е определено со Одлука на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

Со оглед на тоа што во нашата установи за одредени специјалности има повеќе лекари, пациентите самостојно можат да се определи кај кој лекар специјалист ќе користат здравствена услуга. По извршениот специјалистичко - консултативен преглед пациентот е должен да се јави кај избраниот лекар веднаш но најдоцна во рок од три дена.